BQH-Beyond quantum healing е техника која претставува враќање во минати животи, но се разликува од класичната Past life regression техника по две работи. Првата е тоа што може да се изведува не само во живо, но и онлајн, односно на далечина, а втората е таа што практичарот за време на сесијата може да ги користи и другите свои алатки, односно енергетски техники кои ги владее.

BQH е техника која ја има развиено Candace Craw-Goldman,  која техниката на регресија ја има учено директно од Dolores Cannon, а воедно била и нејзина долгогодишна соработничка и асистентка.

Со други зборови, BQH е холистички метод на исцелување кој комбинира различни духовни, метафизички и техники на хипноза за да го олесни процесот на исцелување и самооткривање. Практичарот на BQH може да користи комбинација од регресивна терапија, водена визуелизација и интуиција за да му помогне на клиентот  да го истражи својот потсвесен ум, да пристапи до повисоки состојби на свест и да го поттикне исцелувањето на физичко, емоционално и духовно ниво. 

Нашиот практичар и терапевт Фросина Трајковска, во комбинација со BQH користи повеќе методи со кои таа работи, а тоа се традиционално Реики, Каруна Ки, Акаша записи, Лавандин пламен и др.

Онлајн сесиите се безбеден, ефикасен и достапен начин практичарот да се поврзе со својот клиент и имаат ист ефект и легитимитет како и сесиите во живо. Со експанзијата на интернетот добивме можност се повеќе да се информираме за холистичките техники и пристапи во начинот на исцелување, ширење и подигнување на свеста, но се дојде и до сознание дека  интернетот не е само технолошки напредок, туку и вистински терен за меѓучовечка комуникација и конекција на повисоки нивоа! 

Консултации и закажување на 📞 076281188

Цена на сесија во живо: 7000 МКД

Цена на сесија онлајн: 6000МКД