Реики е едноставна, но моќна енергетска техника за релаксација, смирување и поврзување со себе, исцелување на сите нивоа, подигнување, прочистување и заштита на енергијата, поддршка во постигнувањето цели, личениот развој и проширување на свеста и реализација на себеси во животот. Наједноставно кажано, Реики се користи за унапредување на сите аспекти од нашето живеење.

Реики ни доаѓа од Јапонија и тоа е стара јапонска исцелителна, енергетска техника. Реики претставува Љубов, и тоа чиста љубов. Неговото значење е универзална животна енергија. 

Како метода за канализирање на исцелителната, суптилна, неполаризирана енергија на божествената природа, не претставува само систем за исцелување, туку е и начин за забрзување на вашиот духовен развој.

Со користење на Реики енергијата ги исцелуваме и телото и духот. Реики ги доведува духот, телото и емоциите во рамнотежа. Ги исцелува физичкото, менталното, емоционалното и духовното тело. Ни носи радост, исцелување, самореализација и целовитост во нашето битие, отвора нови димензии на знаење и нè охрабрува во сите форми на нашите активности, ни донесува љубов и исполнетост. 

Уметноста на положување на дланките е древна и претставува природен инстинкт да се постават рацете на болното или повредено место на сопственото тело. Тоа е оној првичен инстинкт кога ве боли заб и ги ставате рацете на вашиот образ или пак кога ве боли стомак ги ставате на вашиот стомак. Човечкиот допир е тој што ја пренесува таа грижа, љубов и исцелување.

Третманите со Реики може да се изведуваат со физичко присуство или пак на далечина. За тие што немаат искуство со овој вид на третмани, пожелно е првата сеанса да биде со физичко присуство. Предноста на сеансите на далечина е таа што заштедувате време и трошоци за доаѓање во нашите простории, а третманот го примате во удобноста на вашиот дом. 

Консултации и закажување на 📞 076281188

Цена на третман со физичко присуство: 1500МКД

Цена на третман на далечина: 1200МКД