Каруна Ки е енергетски систем кој има повисок вибрационен пристап од онoj на Реики.

Каруна е форма на Реики, која потекнува, односно  ја предава Реики мајсторот Вилијам Ли Ранд. Каруна е енергија со висока вибрација која најмногу работи на развивање на сочувствителноста кон себе и кон останатите живи битија.

Каруна Ки значи ,,Сочувствителна Енергија, или поточно „Патот на Сочувствителната Енергија“, па така таа освен што се користи за исцелување се користи и за ширење на сочувствителност и емпатија.

Каруна Ки е форма на енергетско исцелување кое е ориентирано кон срцето. Тоа е уметност на исцелување на срцето, полно со љубов и сочувствителност.

Оваа енергетска техника користи вибрациони клучеви кои имаат сопствена фреквенција преку која се исцелуваат одредени аспекти од физичкото, емоционалното, менталното и духовното тело. Со Каруна се работи на балансирање на чакри, прочистување на енергетското тело, отстранување на блокади, подобрување на односите со партнерот или со членови од потесното семејство, кинење на токсични врски, исцелување на трауми и други аспекти од секојдневниот живот. Третманите може да се изведуваат со физичко присуство или пак на далечина. 

За тие што немаат искуство со овој вид на третмани, пожелно е првата сеанса да биде со физичко присуство. Предноста на сеансите на далечина е таа што заштедувате време и трошоци за доаѓање во нашите простории, а третманот го примате во удобноста на вашиот дом. 

Консултации и закажување на 📞 076281188

Цена на третман со физичко присуство: 1500МКД

Цена на третман на далечина: 1200МКД