Past life regression или Регресија во минати животи е форма на хипнотерапија која користи хипноза (или ако повеќе сакате изменета состојба на свеста), за да го доведе клиентот во длабока релаксација, а се фокусира на доживувања, настани и ситуации од претходни животи. Целта е да се стекне разбирање за актуелните животни искуства, постоечките финансиски проблеми, неуспеси, стравови, трауматски настани, разни негативни обрасци, предизвици во партнерските или семејните врски и слично. Сесиите често вклучуваат истражување на живописни сцени за да се добијат увиди и одговори или да се ослободат емоционални блокади.
Past life regression техниката претставува и еден вид на истражување преку кое може да откриеме повеќе за тоа кои сме ние на едно повисоко, духовно ниво, да дознаеме од каде потекнува нашата душа, да дознаеме повеќе за нејзиниот развој, за лекциите кои треба да ги совладаме, за мисијата која треба да ја исполниме.
Времетраењето на една сесија е отприлика 2 часа, за кое време клиентот може да види неколку свои животи, во зависност од намерата која ќе се постави и во зависност од прашањата за кои бара одговори и проблемите за кои бара решенија.
Секогаш кога сме во потрага по одговори едно нешто треба да имаме на ум, а тоа е дека сите одговори лежат во нас. Па, така и оваа прекрасна метода работи на тоа да ја отклучи меморијата на нашата потсвест, каде што се чуваат сите сеќавања на нашите минати животи и на патешествијата и поминатите искуства на нашата душа.
Сесиите се одвиваат во тивка, топла и пријатна атмосфера, а на вашето патување ве води суптилниот глас на практичарот. Од самиот почеток, па се до крајот на ова искуство, ќе бидете поддржани и водени, без предрасуди, без осуди, без критики, а со многу љубов и разбирање, дури и кога сцените не се баш пријатни, а искуствата не се поклопуваат со очекувањата.
Консултации и закажување на 📞 076281188
Цена: 6000 МКД