Акаша записите се бесконечен извор на информации до кои можеме да пристапиме за да дознаеме повеќе за себе во нашите сегашни, паралелни и минати инкарнации. 

Акаша записите претставуваат збирка на сите универзални настани, мисли, зборови, емоции и намери што некогаш се случиле во минатото, сегашноста или иднината, во врска не само со луѓето, туку и со сите битија и животни форми. Самите записи се кодирани во нефизички план на постоење познат како ментален план, па според тоа овие записи не се физичко место, туку тие го претставуваат полето на свесноста.

Акаша записите им биле познати на повеќе древни цивилизации, но под различни имиња, а тие денес се предмет кои науката постојано го истражува. 

Пристапувањето и читањето на Акаша записите е енергетска техника која се користи кога сакаме да дознаеме повеќе за нас самите, за нашата душа, за целта на нашето постоење, за мисијата која ја имаме во овој живот. Одговори кои исто така може да ги побараме во записите се однесуваат и на прашања за одредени предизвици кои ги имаме во животот, како што се односите со нашите блиски, финансиски проблеми, блокади во разни аспекти на нашето живеење, кои се договорите на нашата душа во однос на искуствата кои треба да ги искусиме и лекциите кои треба да ги совладаме во овој конкретен живот и се она што не мачи, а за кое немаме одговор.