Прво да објасниме што претставува хипнотерапијата!
Како што самиот збор кажува, хипнотерапијата е терапевтска техника која се изведува додека клиентот е во состојба на хипноза. Хипнозата е всушност алатка која ни служи за испорака на терапија. Терапијата се состои од однапред утврдени сугестии кои ги користиме за да ги имплементираме во потсвеста на клиентот.
Целта на хипнотерапијата е да им помогне на клиентите да променат верување, негативна емоционална состојба, негативна навика, да се изборат со некој порок итн. Бидејќи ги разбивме митовите за хипнозата, да нагласиме дека добрата страна на хипнотерапијата и нејзината предност е што клиентот е свесен дека се наоѓа во фотелјата за хипнотерапија и дека не е директно изложен на стравови и непријатни ситуации без оглед на неговите проблеми на кои терапевтот ќе работи.
Бидејќи потсвеста не ги разликува визиите од реалните настани, таа ги складира во својата меморија како искуство. Ова е механизмот со кој работи хипнотерапијата, а ефектот од сесиите е огромен, бидејќи телото на клиентот го доживува она што терапевтот му го кажува (сугестиите) како навистина да му се случува. После 4-7 сесии, телото на клиентот ќе реагира на ситуации што му претставувале проблем, на сосема спротивен начин. Ќе биде мотивиран, ќе престане да пуши, ќе ги смени навиките во исхраната и ќе ослабе, ќе го надмине стравот што го имал затоа што во неговиот ум веќе ќе преовладуваат нови искуства, спротивни на оние поради кои дошол на терапија.
Заклучок: Хипнозата е изменета состојба на свест и зголемена реакција на сугестии. Целта на хипнотерапијата е лошите навики, негативните искуства, во потсвеста да се заменат со позитивни.